МАЛКУ СТАТИСТИКА: Македонија и натаму чека на прва победа над Белгија (ВИДЕО)

ЕКИПА во Гент, Белгија
Горан Бошев

Нема победа Македонија во меѓусебните пресметки против Белгија, но има две ремија од 1-1, а сите желби се тој резултат да се повтори и вечерва во мечот во Гент.

Вечерва во Гент ќе биде шестиот меѓусебен дуел на двете селекции. Досега Белгија има три победи, а два натпревари завршиле без победник, со вкупна гол разлика од 2-10 за противникот.

Белгија – Македонија 1-1 е првиот официјален натпревар меѓу овие две селекции во далечната 1994 година во квалификациите за ЕП 1996 година.

Потоа следуваат серија на победи на Белгија. На реваншот во Скопје триумф од убедливи 0-5, потоа во светски квалификации во 2013 година триумф во Скопје од 0-2, и потоа победа и во Брисел со 1-0.

Затоа во јуни оваа година Македонија одигра 1-1 во Белгија, и тоа на моменти комплетно надигрувајќи го големиот фаворит. Никој нема ништо против и вечерва во Гент да се повтори тој резултат.

Се вчитува...