Македонија и се реваншираше на Данска со перфекција

Македонската одбојкарска репрезентација со победа го отвори вториот турнир во Сребрената лига откако славеше против Данска со перфектни 3-0, реванширајќи им се на Данците за поразот од пред пет дена во Струмица.

Нашите одбојкари првиот сет го добија со тесни 25-23, но веќе во вториот сет целосно ја стабилизираа својата игра, ги сведија грешките на минимум и го добија со 25-17. Добрата игра продолжи и во третиот сет кој „црвено-жолтите“ го добија со 25-21.

Предводник на Македонија на овој меч беше Александар Љафтов со 24 поени, Никола Ѓорѓиев додаде 12, додека со по шест поени мечот го завршија Маџунков и Николов.

Се вчитува...