Македонија и со Димитријевиќ во составот за мечот со Естонија, до последно со надеж за настап

Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 15 часот во Перм ја очекува клучниот натпревар против Естонија за пласман на Евробаскетот 2022 година.

И покрај повредата, Ненад Димитријевиќ ќе биде во составот за дуелот со Естонците оставајќи и најмала надеж за настап доколку е тоа неопоходно.

Јасно е дека поради повредата на коленото мали се шансите да настапи, но до последно ќе се очекува одлуката на лекарскиот тим. Димитријевиќ, и тоа како доколку лекарите дадат и најмал позитивен сигнал, е одлучен да игра на последниот дуел кој може да значи и пласман на Македонија на Евробаскетот 2022.

Селекторот Александар Тодоров одлучи дека тимот кој победува не треба да се менува, па денеска во Арената „Молот“ во Перм, ќе истрчаат истите 12. кошаркари кои вчера ја совлада Италија (87-78): Дамјан Робев, Лука Савичевиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Теодор Симиќ, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.

Се вчитува...