Македонија и во дубл подобра од Албанците

Македонија оствари максимална победа од 3-0 против Албанија во рамките на Дејвис купот. На турнирот во Пловдив, македонскиот тандем Стефан Мицов и Ѓорѓи Јанкуловски успеа убедливо да слави против Генајд Шипеја и Елби Мештри со 2-0 во сетови (6-2, 6-2).

Претходно, првите два поени за Македонија со триумфи ги донесоа Горазд Србљак и Димитар Грабул.

Утре, тениската селекција на Македонија ќе ги одмери силите со домашната репрезентација на Бугарија.

Се вчитува...