Македонската машка младинска ракометна репрезентација настапот во групната фаза од Европското првенство во Словенија го завршува без пораз со една победа и две ремија од кои едното дојде на денешниот натпревар против Австрија кој заврши со резултат 20-20.
За новото реми еден од најзаслужните беше голманот Иван Галевски кој имаше фантастичен настап со 15 одбрани за што го доби и МВП признанието. Шоуто на новиот „Министер за одбрана“ може да го погледнете на следното видео.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА