Очекувано: Нејмар и кажа „збогум“ на репрезентацијата на Бразил

Бразилскиот напаѓач Нејмар го објави своето повлекување од репрезентативниот фудбал во понеделник откако неговиот тим загуби од Норвешка во осминафиналето на Светското првенство.

34-годишникот постигна утешен гол во поразот на Бразил од 2-1, што беше нивното најрано испаѓање од Светското првенство од 1990 година. Емотивниот Нејмар во солзи го доживеа поразот и елиминацијата од Мундијалоит.

„Се обидов, се обидов. Сега е готово. Почнав тука, завршив тука“ , изјави тој.

Нејмар го имаше своето деби за Бразил против САД во пријателски натпревар на стадионот „Метлајф“ во август 2010 година, постигнувајќи го својот прв гол за националниот тим. Нејмар, кој се мачеше со повреди во последните години, ја завршува својата репрезентативна кариера како најдобар стрелец на Бразил на сите времиња со 80 гола, три повеќе од Пеле.

Неговиот гол во судиското продолжение против Норвешка го направи само вториот Бразилец, по Пеле, кој постигнал гол на четири Светски првенства. 130-те настапи на Нејмар за неговата земја се рангираат на второто место на вечната листа на Бразил, веднаш зад Кафу (142).

Се вчитува...