Македонија ќе бида најмалку 10-та на ЕП и привилегирана во ждрепката за СП 2019

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

По поразите на Србија од Франција и на Белорусија од Шведска во групата во Загреб, веќе е јасно дека овие две селекции сигурно ќе останат зад Македонија во конечниот пласман. Тоа пак значи дека македонската репрезентација на ова ЕП ќе заврши најмалку на 10.место.

Во оптимистичкото сценарио, теоретски Македонија се уште има шанса со две победи во последните два дуели со Чешка и со Данска и со поволна разврска во групата, да стигне и до полуфинале.

Каква и да биде конечната разврска на крај, пласманот меѓу првите 10 репрезентации на ова ЕП, на Македонија и носи место меѓу носителите на саботната ждрепка за баражот за СП 2019 во Германија и Данска. Тоа практично значи дека противникот на македонската репрезентација во баражот ќе и биде од „вториот барабан“ со селекции кои не учествуваа или го завршија настапот во првата фаза на шампионатот.

Ждрепката со која ќе бидат одредени двојките од баражот за СП 2019 ќе се одржи в сабота во Загреб, ден пред финалните мечеви на шампионатот. Дирекетн пласман на следното СП, обезбедуваат домаќините Германија и Данска и Франција како актуелен светски шампион од последното СП 2017 .

Се вчитува...