Македонија ќе игра на „Глорија арена“ и на „Мардан арена“ во Анталија

Фудбалската репрезентација на Македонија в недела ги започнува подготовките за двата контролни натпревари против Финска (23. март) и Азербејџан (27. март) кои ќе се одиграат во Анталија, Турција. Познати се и стадионите каде ќе се одиграат двата дуели.

Нашата најдобра селекција натпреварот против Финска ќе го одигра на „Глорија арена“ во 17 часот по македонско време, додека пресметката против Азербејџан четири дена подоцна ќе се одигра на „Мардан арена“ исто така во 17 часот.

Се вчитува...