Македонија ќе ја живее Европската недела на спортот

Во пресрет на ,,Европската недела на спортот”, на која ќе учествува и Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт, во просториите на АМС, се одржа прес-конференција на која се обрати директорот Дарко Каевски, како и Александар Петровски, првиот човек СЦ „Борис Трајковски“ и националниот координатор за Македонија, Александра Дичевска.

„Стартувајќи од 2015 година, Европската унија зема за цел преку свои проекти да го мотивира населението кон здрав начин на живот преку правилна исхрана, спорт и физички активности. Проектот насловен како “Европска недела на спорт” под мотото “Биди активен”, предизвика вклучување на огромен број на лица, кои на тлото на Европа се брои во милиони“, рече Каевски. 

На присутните медиуми се обрати директорот на нашиот најголем спортски центар Александар Петрoвски, кој повика на масовно вклучување на сите граѓани, особено на младите.

„Огромно задоволство е да се биде партнер во еден вака голем проект, чија цел e подигнување на свеста за позитивните ефекти од спортот и физичката активност. Еден од четирите најголеми настани ќе се случи токму во нашиот центар. Станува збор за “Be active night” закажан за 29.09, Среда, со почеток од17 часот, во кој граѓаните ќе имаат можност да бидат дел од над 30 активности“, истакна Петровски.

Националниот координатор на Европската недела на спортот, Александра Дичевска, искажа благодарност за вклученоста на 15 општини, Национални спортски федерации, спортски клубови и центри, спортисти и спортски работници.

„Покрај огромниот број на настани во припремниот период и во неделата што доаѓа, би ги издвоила четирите големи настани меѓу кои: Тарту кол- повикот за здрав начин на живот (23.09 – Жена парк 18-20 часот), масовно скокање на јаже (25.09 – 17 часот, Плоштад Македонија), Be active nigt, СЦБТ ( 29.09, 17-22 часот) и Масовно искачување на Водно (30.09 – ОУ Кочо Рацин 09.00) со завршен фестивал на средно Водно“, прецизираше Дичевска.

Се вчитува...