Македонија на 75.место на ФИФА-листата

Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 75.место на најновото издание на ранкинг – листата на ФИФА. Тоа е пад за една позиција во однос на минатиот месец.

Нашиот национален тим ќе има шанса да го подобри пласманот доколку забележи успеси на претстојните два пријателски натпревари против Финска и против Азербејџан кои се играат во Анталија, Турција, на 23. и на 27. март.

На врвот на ФИФА – листата нема промени. На првото место е Германија, пред Бразил, Португалија, Аргентина и Белгија, Полска успеа да се искачи на шестото место, а меѓу првите десет селекции се и Шпанија, Швајцарија, Франција и Чиле.

Од нашите следни ривали, Финска се наоѓа на 68.место, додека е Азербејџан е рангиран на 127.позиција.

Се вчитува...