Македонија назадуваше за три позиции на најновата ФИФА листа

Македонската репрезентација назадуваше за три позиции на најновата ФИФА ранг листа, па во месец февруари ќе биде на 71. место.

Падот од три места, и покрај тоа што немавме настап во овој период, е поради активноста на репрезентациите на азискиот Куп на нации.

Нема промени во Топ 10. Прва е Белгија, а потоа следуваат Франција, Бразил, Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска. Од нашите соседи Србија е на 31. место, Грција е на 45. место, Бугарија е 48., пред нас е и Албанија која е на 61. позиција, додека Косово е на 130. место. Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за пласман на ЕП, Полска е на 20. место, Австрија е на 23. место, Словенија на 63. место а Летонија е на 131. место.

Се вчитува...