Македонија – Норвешка низ погледот на ЕКИПА (ВИДЕО)

Македонската кошаркарска репрезентација по третиот натпревар од претквалификациите за Евробаскетот 2025 останува непоразена. „Црвено-жолтите“ вчера одиграа одличен натпревар против главниот конкурент за првото место во групата – репрезентацијата на Норвешка, пред се во одбраната, имаа целосна контрола од првата до последната минута и сосема заслужено стигнаа до убедлив триумф.

Во преполната сала во Гевгелија нашите репрезентативци имаа и одлична поддршка, а дел од моментите низ погледот на ЕКИПА можете да ги проследите на следното видео.

Се вчитува...