Македонија остана без финале по поразот од Египет, „црвено-жолтите“ ќе се борат за бронзата на МИ

Ракометарите на Македонија денес загубија од Египет со 20-34 во рамки на натпреварот од полуфиналето на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Египѓаните го отворија мечот со два врзани гола по речиси четириминутен пост од 0-0. На сцена стапи Марко Кизиќ, кој влезе во мини серија со две одлични интервенции на голот, но нашиот напад не беше на ниво. Египет брзо поведе, а потоа со мини-серија се избори за водство од 4-1. Нашите противници постојано ја зголемуваа предноста, а ние гоневме резултат. Во 24. минута ракометарите на Македонија испуштија контра за враќање на негативата на еден гол, но не ја реализира и „потонаа“ во криза која што на противникот му донесе убедливо водство на полувреме од шест гола разлика (16-10).

Ѕвездите на Египет фуриозно го започнаа вториот дел од овој двобој. Па веќе во 39. минута поведоа со високи десет гола разлика 12-22. Додека „црвено-жолтите“ се мачеа во дефанзива и офанзива, се’ повеќе растеше самодовербата и мотивираноста кај противниците. Лесно успеваа да ги неитрализираат нашите напади, а уште почесто ја „тресеа“ нашата мрежа. По ваквиот пристап кон играта се запечати и конечниот резутлат од 14 гола разлика.

Во составот на Македонија се истакнаа Томислав Јагуриновски, Марко Стојковиќ, Иван Џонов и Павле Атанасијевиќ со по три гола.

На овие Медитерански игри, Грција и Турција паднаа пред македонските ракометари, пораз запишавме во дуелот со Шпанија и Египет, а ремизиравме со домаќинот Алжир.

Во второто полуфинале на Медитеранските игри во Оран ќе се сретнат Шпанија и Србија. Победниците ќе играат за златниот, додека поразените за бронзениот медал.

Се вчитува...