Македонија остана на 68. место и на најновата ФИФА ранг листа

Македонската репрезентација, по победата над Лихтенштајн и поразот од Ерменија во октомвриските натпревари од Лигата на нациите, остана на 68. место и на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска.

Македонија со 1338 бода е на 68. место, најдоброрангирана од четирите селекции кои се во нашата група од Лигата на нациите. Најмногу напредуваше Гибралтар која сега е на 190. место.

На врвот на ФИФА ранг листата е Белгија, пред Франција, Бразил, Хрватска и Англија. Во Топ 10 се уште и Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Се вчитува...