Македонија останува 65. на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија останува на 65. место на најновото рангирање на ФИФА листата. Во периодот во кој немаше репрезентативни настапи нема големи промени на ФИФА листата, а нашиот национален тим по пласманот на Европското првенство го задржи 65. место како и на претходното рангирање во декември минатата година.

Од противниците на Еврошампионатот Холандија е најдобропласирана и се наоѓа на 14. место. Австрија е 23. додека Украинците се наоѓаат на 24. место. На врвот исто нема промени. Белгија е прва, пред Франција, Бразил, Англија и Португалија, а во топ 10 се наоѓаат и Шпанија, Аргентина, Уругвај, Мексико и Италија.

Се вчитува...