Македонија реди победи на ЕХФ шампионатот во Скопје

Репрезентацијата на Македонија за ракометарки до 17 години во вториот меч ја забележа и втората победа на ЕХФ шампионатот што се одржува во Скопје. Откако вчера грчката делегација со скандалозна одлука го напушти теренот и беше исклучена од шампионатот, денеска „црвено-жолтите“ победата ја забележаа на терен, совладувајќи ја Швајцарија со минимални 24-23.

Мечот беше израмнет во текот на сите 60 минути, на одмор се замина со резултат 13-13, за потоа гостинките да водат се до десетина минути до крајот, кога Македонија го сврте резултатот во своја полза и стигна до значајна победа.

damcevska u17 pobeda

Најефикасни во редовите на македонскиот национален тим беа Тасевска со шест и Динарица и Николиќ со по четири гола. Утре е слободен ден на шампионатот, по што Македонија в петок и сабота ги игра последните два меча во групата, против Фарските острови и Полска.

Се вчитува...