Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија оствари голем успех на Европското првенство во Србија, откако обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 селекции на континентот.
Нашите млади ракометари го освоија второто место во својата група од разигрувањето, а како најдобропласирана второпласирана репрезентација изборија продолжување на натпреварувањето, каде ќе се борат за пласман од 9. до 16. место.
Со овој резултат, Македонија го обезбеди опстанокот во елитната дивизија на европскиот кадетски ракомет, што претставува уште еден значаен успех за националната селекција.
Воедно, пласманот меѓу најдобрите 16 репрезентации им донесе на македонските кадети и место на младинското Европско првенство во 2028 година, потврдувајќи дека македонскиот ракомет има светла иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
