Македонија со четворица претставници на Светското првенство во пинг-понг

Македонската репрезентација ќе ја претставуваат четворица пингпонгар(к)и меѓу 620 играчи од 113 земји на Светското првенство во Будимпешта, Унгарија.

Во натпреварите во сингл-мажи учесниците се 312 пингпонгари од вкупно 113 земји. Дозволен максимален број пет натпреварувачи (тројца со право, плус по еден од првите 20 и 100 на светската ранг листа) имаат седум држави – Бразил, Кина, Германија, Јапонија, Кореја, Шведска и кинески Тајпеј, а домаќините се со шест натпреварувачи. Шампионот на Македонија, Кристијан Станојковски и Петар Костовски се нашите претставници во машкиот дел на првенството.

Кај жените, во сингл ќе се натпреваруваат 248 од 86 држави. Македонија ќе ја претставуваат Ива Димитриевска и Ана Стојановска. Повторно седум држави имаат право на максимален број на учесници,и во женскиот дел -Кинески Тајпеј, Сингапур, Романија, Кореја, Јапонија, Хонг Конг и Кина, како и Унгарија со шест учеснички.

Според најавите од организаторите, 237 двојки од 98 земји ќе играат во машките двојки, а 102 двојки од 75 земји во женска конкуренцијат.

Пред почетокот на Светскиот шампионат, македонската репрезентација своите подготовки ги реализира во Зрењанин, Србија, под водство на тренерот Владимир Закиќ.

Се вчитува...