Македонија со Елмас и Миовски како напаѓачи ќе се обиде да ја „тресне“ Белгија

ЕКИПА во Гент, Белгија
Горан Бошев

Формацијата нема да се менува, ќе има само измени во составот на македонскиот национален тим, кој вечерва во Гент ќе се спротивстави на Белгија, и ќе го брани првото место во групата.

Селекторот Благоја Милевски не отстапува од формација со тројца стопери позади, со офанзивни бекови кои ќе имаат и дефанзивни задачи, и со двајца играчи во нападот. Средината на теренот исто така ќе има задача да помага и во одбрана и да дејствува во напад.

Македонија за вечерашниот меч има само едно отсуство. Бојан Илиевски нема да се најде на десната бековска позиција поради жолти картони, а неизвесен за настап и воопшто за комбинација е Дарко Чурлинов, кој вчера тренираше со намален интензитет и одвоено од останатите играчи.

Димитриевски се очекува да биде стартер, во одбраната да играат Муслиу, Стојчевски и Зајков. На страничните позиции Ашковски и Алиоски, во средниот ред Исник Алими, Енис Барди и Јани Атанасов, во нападот Елиф Елмас и Бојан Миовски.

 

Се вчитува...