Македонија за првпат има повеќе од сериозни репрезентативци за Европското првенство за мали земји коее оваа година ќе се одржи во Монако на 30 мај.
Изминатиот викенд на Националниот сениорски куп во Скопје, нашите репрезентативци имаа прилика да остварат норми за да се квалификуваат за настап во Монако.
Ова е значајно за Македонија поради тоа што голем дел од нашите атлетичари кои се со остварени норми, исто така се и кандидати за освојување на злато, како и резултати вредни за подиумот во Монако.
Македонија на ЕП за мали земји ќе настапи со следните репрезентативци со остварените норми:
- Огнен Стефановски – 110 метри со пречки – 14.89 секунди, и скок во далечина – 7,04 метри
- Михаил Петров – 400 метри, 48.65 секунди
- Јован Стојоски – 400 метри со пречки – 52.55 секунди и 200 метри – 21.66 секунди
- Андреас Трајковски – Скок во далечина – 7.43 метри (7.82 метри во сала) и 100 метри – 10.88 секунди
- Брајан Авиа – Скок во далечина 7.00 метри
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
