Македонија со стил до златото на „Девелопмент куп“

Македонската репрезентација во хокеј на мраз во голем стил стигна до златниот медал на „Девелопмент куп“ што изминатите денови се одржуваше во Германија, а на кој учествуваа земји кои немаат изградено затворени арени за хокеј.

„Црвено-жолтите“ вечерва за ривал во финалето ја имаа Португалија, декласирајќи ја оваа селекција со 9-3 за искачување на највисокото место на победничкиот пиедестал. Убедливата победа беше најавена уште во првиот период со водство од 3-0, предноста на македонските хокеари во втората третина порасна на 7-1, за со рутинска игра да се задржи позитивата до конечните 9-3.

Со пет победи на петте одиграни натпревари, македонските хокеари покажаа најмногу на ова натпреварување и сосема заслужено стигнаа до првото место.

Се вчитува...