Македонија стартува со Турција, завршува со Грција

Новиот циклус квалификации за ЕП 2020, машката ракометна репрезентација на Македонија ќе го почне со дуелот против Турција, а во вториот меч од првата квалификациска фаза во последната недела на октомври годинава ќе игра со Грција.

Во втората фаза (10-14 април 2019) се двата дуели со Исланд кој во оваа конкуренција би требало да бидат решавачки во борбата за првото место.

Во последната трета фаза следуваат возавратните дуели со Турција во гости и за крај со Грција на домашен терен.

Машката ракометна репрезентација досега има пет учества на европските првенства, од кои четири во континуитет од ЕП 2012 досега.

Квалификации за ЕП 2020, распоред на натпреварите:

1.фаза (24-28 октомври 2018):

Македонија – Турција

Грција – Македонија

2.фаза (10-14 април 2019):

Исланд – Македонија

Македонија – Исланд

3.фаза (12-16 јуни 2019):

Турција – Македонија

Македонија – Грција

Се вчитува...