Македонија (У19) ремизираше без голови на вториот тест со Финска

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години одигра реми без голови на вториот пријателски натпревар против Финска што се одигра во Скопје. На првиот тест нашите млади фудбалери славеа со убедливи 5-0, но денеска и покрај тоа што беа подобар ривал, сепак, не успеа доброто издание да го претворат и во триумф.

Овој месец селекцијата до 19 години ја очекуваат и квалификациите во елитната фаза за пласман на ЕП, а турнирот ќе се одржи во Скопје. Квалификацискиот циклус го почнуваат со Летонија на 21. март, три дена подоцна ќе ги одмерат силите со Унгарија, а главниот фаворит Англија ќе им биде ривал во завршницата на турнирот, на 27. март.

Се вчитува...