Македонија уште еднаш го слави својот херој: Георгиевски се закити со сребро во Софија

Дејан Георгиевски со две доминантни победи над Радаловиќ Михајло од Србија и Гисберт Казанова од Шпанија освои сребрен медал на Меѓународниот таеквондо турнир од Г2 серијата „Рамус Софија опен“ во Софија, Бугарија, а и нови 13 бодови за Олимписките игри во Париз 2024.

Тренерот на нашиот репрезентативец, Дарко Костовски изјави дека Дејан во текот на турнирот доживеал и незгодна пореда, но и тоа не го спречило за да се закити со нов медал.

„Во Финалето загуби од Гарсија Мартинез од Шпанија, но мораме да потенцираме на почетокот на борбата се стекна со повреда, која, фала му на Господ, не е опасна. Втор Г класа турнир годинава и втор медал, овој континуиран успех во еден олимписки спорт е досега непознат за македонски спортист откако оваа држава е независна. Ќе дадеме се од себе тоа да продолжи и понатаму“, вели тренерот Костовски!

Се вчитува...