Македонија во фокусот: „Л’Екип“ и „Скај“ се потсмеваат, некои одат и до скандал за „наместен натпревар“!?

Македонија, а пред се голманот Столе Димитриевски, се најде во фокусот на европските медиуми по вчерашниот дебакл на гостувањето против Ерменија во Ереван.

Македонската репрезентација неочекувано високо загуби со 4-0 по кикс-голови на нашиот чувар на мрежата. Па, шанса за потсмев со Димитриевски не пропуштија и највлијателните европски спортски медиуми француски „Л’Екип“ и англискиот „Скај спорт“ кои пренесувајќи ги погодоците од мечот потенцираат за пародијата која ја приредил македонскиот голман.

Но, крајно шокантно, босанскиот „Спортспорт.ба“, пак, се појавува со, иако без никакви докази, со изненадувачки бомбастичен наслов:

„Македонците во центарот на потенцијално огромен скандал: Ако ова не е сомнително, тогаш што е?!“

Притоа, босанскиот спортски медиуми во својот текст потенцира:

„Изгледа УЕФА ќе има многу работа. И самиот резултат 4-0 ни делуваше неверојатно, но кога ги погледнавме снимките останавме шокирани… Македонскиот голман Столе Димитриевски (25) правеше такви грешки да е невозможно да не се посомневате во местенка, без било какви намери некого да обвиниме. Но, дека е сомнително, сомнително е!“ – пишува „Спортспорт.ба“, притоа со повикување на крајот да се погледнат головите од натпреварот во Ереван…

Се вчитува...