Македонката Анета Павловска, дел од судискиот тим на женското финале на ОИ во Париз

Македонските судии продолжуваат одлично да си ја вршат задачата на Олимписките Игри во Париз, Начевски и Николов се меѓу најдобрите на акометниот турнир, а во меѓувреме тениската судијка Анета Павловска беше дел од завршниот меч за златен медал во женска конкуренција што го играа Женг и Векиќ.

Павловска одлично си ја вршеше работата како линиски судија во претходните натпреварувачки денови, што и донесе место во судиската постава и за големото финале во женска конкуренција.

Македонката пред три години беше дел од судискиот тим на машкото финале на ОИ во Токио, а во нејзината биографија стои дека судела на финалето на Ролан Гарос 2023, во кое играа Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд, но и двете машки полуфиналиња на Вимблдон 2023 година.

Се вчитува...