Македонската кошарка е 28. „сила“ во Европа, 53. во светот

ФИБА ја рангираше македонската кошаркарска репрезентација на 28. место во Европа на најновото рангирање по завршувањето на Евробаскетот 2022. Нашата кошарка има вкупно 195.3 освоени поени и со тоа бележи пад од едно место.

Што се однесува во вкупниот светски рејтинг, нашата најдобра машка селекција е на 53. место.

Водечките позиции не бележат промени. Лидер останува репрезнтацијата на Соединетитите Американски Држави, на второто место е европски шампион Шпанија, Австралија е на третото место, а „првата петорка“ ја комплетираат Аргентина и Фрација.

Се вчитува...