Македонската машка кошарка е на 53. место, женската на 80. место во светот

Машката сениорска кошаркарска репрезентација е рангирана на 53. место на светската рејтинг листа на ФИБА која доаѓа по завршувањето на февруарскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светското првенство 2023 година во кој забележавме два пораза.

Македонија има 201.5 освоени поени па со нив нашата најдобра селекција ја зазема 30 позиција во рангирањето кога станува збор за Европа.

Женската сениорска кошаркарска репрезентација пак забележа пад од 8. места и сега се наоѓа на 80. место во светот, односно 36. место во Европа со 76.8 освоени бода.

Се вчитува...