Младата репрезентација ремизираше на тестот со Саудиска Арабија

Македонската фудбалска селекција до 21 година одигра само 1-1 со Саудиска Арабија во вториот „тест“ на турнирот во Хрватска.

Претходно надежите издвоија победа со 3-1 против Албанија пред три дена. После три победи во низа на новата генерација која ја има Драги Канатларовски – Цапар, Македонија првпат не победи и успеа да се избори за реми со гол по еден час игра со гол на Марио Илиевски, откако Саудијците поведоа во последната минута од првиот дел после наши неколку пропуштени шанси и промашен пенал.

Во завршницата Македонија остана и со фудбалер помалку на теренот, но и без оглед на тоа овој турнир во Хрватска го завршуваме со победа и реми.

Оваа нова генерација се подготвува за мартовскиот старт на новиот евроквалификациски циклус.

Се вчитува...