Одлична вест доаѓа од Чапљина, Босна и Херцеговина, каде што нашата репрезентативка во велосипедизам Далија Стојановска во категоријата U17, освои сребрен медал на Балканското XCO првенство.
„Честитки за нејзината борбеност и подготвеност да ја совлада патеката и сите нејзини предизвици. Честитки и за останатите членови на македонската репрезентација – Марко Блажески, Мартин Спасевски, Алексеј Атанасовски и Благој Митрески, кои достоинствено ги бранеа боите на Македонија и стекнаа меѓународно искуство“, стои во соопштението на Велосипедската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
