Македонските фудбалери добиваат апликација за директно пријавување „местенки“ во ФИФА

Светската асоцијација на професионални фудбалери (ФИФПро) и ФИФА постигнаа договор за заедничка борба против криминалните активности во фудбалот.

Двете асоцијации го заокружија проектот преку специјално развиен софтвер, сите професионални фудбалери во светот на лесен начин да можат да пријават местени натпревари во кои партиципираат. Пристап до апликацијата ќе имаат и македонските фудбалери.

Сите сомнителни случаи и македонските фудбалери ќе може анонимно да ги пријавуваат преку апликацијата „Red Button“. Сите македонски клубови ќе мора оваа апликација, во соработка и со Асоцијацијата на професионални фудбалери, да им ја претстават на фудбалерите по што треба да почне нејзината употреба.

 

Се вчитува...