Македонските кадети поуспешни од врсниците од Веспрем

Машката кадетска ракометна репрезентација ја запиша втората победа на турнирот во Балатонфуред, Унгарија. По убедливиот триумф над Егерсеги (55-13), во втриот меч денеска, избраниците на селекторот Данило Брестовац, ги победија и своите врсници од Веспрем со 27-25.

Кадетите утре ќе одиграат уште еден натпревар со тимот ан Егерсеги, а во недела и во понеделник ќе имаат два меча со кадетската репрезентација на Бугарија.

Во Балатонфуред е и машката младинска репрезентација на Македонија која попладнево го игра првиот натпревар против врсниците од Веспрем.

Овие натпревари се во склоп на подготовките на двете македонски репрезентации за ЕХФ шампионатите што ги очекуваат летово, кадетите во Скопје, а младинците во тбилиси.

Се вчитува...