Македонските кошаркари во четвртфиналето на Светското првенство за средношколци (ФОТО)

Кошаркарите од средното училиште „Никола Карев“ имаат одличен настап на Светското првенство за средношколски екипи кое се одржува на Крит. Се пласираа вo четвртифналето на шампионатот откако забележаа осминафинална победа од 63-44 над селекцијата на Данска.

Претходно тимот кој го предводи Венцислав Рангелов групниот сегмент го мина без пораз. Oствари триумфи над тимовите од Кина, Нов Зеланд и од Бугарија.

Се вчитува...