Македонските ракометни надежи – безнадежно последни на „Трофеј Карпати“

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија го заврши настапот на турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија, на последното место, со три порази.

По поразите од Романија и од Италија, во третиот натпревар избраниците на селекторот Данило Брестовац убедливо го загубија и дуелот со Холандија (24-34).

За македонските ракометни надежи овој турнир беше дел од подготовките пред настапот на Европскиот шампионат (У18) што ќе се одржи од 10 до 19 август во Грузија.

Се вчитува...