Македонските спортистки инспирираат – моќта и убавината на женскиот спорт! (ВИДЕО)

Водени од желбата за што поголема промоција на женскиот спорт во Македонија, но и борба против социјалните и родовите нееднаквости преку спортот и културните активности, од невладината организација ТАКТ на која основачи се искусни жени-спортистки пред крајот на минатава година промовираа прекрасен видео материјал со осум македонски спортистки.

ТАКТ е со мисија за градење поголемо разбирање меѓу заедниците и негување на взаемно прифаќање преку длабок пристап врз основа на инклузивни модерни и универзални принципи.

„Ние ги промовираме спортската и културната родовата еднаквост со цел развивање на позитивни вредности, овозможување на целосниот младински развој и унапредување на генерациите за подобар квалитет на животот. Нека приказните на овие осум македонски спортистки и од моќта на спортот да трансформира животи инспирираат уште многу девојки во иднина да се занимаваат со спорт“ – велат од ТАКТ, токму на денот кога жените ширум светот го прославуваат „8-ми март“.

Во видеото кое носи нова инспирација за македонските спортистки се вклучени кошаркарката Едина Муса, тенисерката Лина Ѓорческа, атлетичарката Дрита Ислами, пливачката Ана Јаневска, велосипедистката Елена Зисовска, фудбалерката Теодора Димоска и параглајдеристката Силвија Митевска…

Се вчитува...