Македонските судии Начевски и Николов испишуваат историја

Најдобрата македонска судиска двојка и веројатно едни од најдобрите изминатата деценија во светот, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски денеска од 18 часот во „Ланксес Арена“ ќе ја крунисаат богатата кариера делејќи ја правдата и на финалето од Лигата на Шампините.

Македонската судиска двојка во минатото беше дел од финалните средби на Европските првенства, светските првенства и олимписките игри па единственото финале кое недостасуваше беше тоа од елитниот тимски ранг.

Во големото финале Николов и Начевски ќе им судат на ракометарите на Барселона и Алборг.

Се вчитува...