Македонските тенисери ја „намачкаа“ Албанија во Дејвис купот

Тениската репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа во Третата Евроафиканска зона од Дејвис купот. Нашите тенисери денеска ја совладаа Албанија со 2-0, а допрва треба да се одигра мечот во двојки.

Горазд Србљак беше апсолутно доминантен во дуелот со Арбер Сулстарова и не му дозволи ниту еден гем. Тој славеше со 2-0 во сетови (6-0, 6-0). Во вториот меч на теренот се појави искусниот Димитар Грабул. Тој исто така успеа да слави со 2-0 во сетови (6-3, 6-0) против Марио Зили, препуштајќи му само три гема во првиот сет.

Во игра на двојки, нашиот тандем Димитар Грабул и Горазд Србљак ќе се сретне против албанската двојка, Елби Мјештри и Генајд Шипеја.

Се вчитува...