Македонските тенисерки подобри од Исланд

Македонските тенисерки го остварија првиот триумф во Третата Евро-Африканска зона од Фед Купот. Македонија славеше со 2-0 против селекцијата на Исланд.

Првиот поен го освои Марија Еленова, која ја победи Софија Јонасдотир со 2-0 во сетови (6-2, 6-1). Во вториот дуел, Катарина Маринковиќ беше подобра од Ана Софија Гронхолм и славеше со 2-0 во сетови (6-4, 6-2).

Утре македонските тенисерки ќе се сретнат со Литванија, која е апсолутен фаворит во групата.

Се вчитува...