Македонското оро – фото на неделата во одбојкарска Европа

Македонија повторно ќе биде дел до еден одбојкарски европски шампионат, а нашите „спартанци“ вчера долго ја прославуваа победата над Турција што им ја отвори вратата до ЕП 2021.

Се славеше со македонско оро и чочек, се пееше „Бисер Балкански“, а фотографијата на фоторепортерот на ЕКИПА, Роберт Спасовски, е избрана од ЦЕВ за фото на неделата во одбојкарска Европа.

Прославата по победата над Турција за пласман на #EuroVolleyM е прогласена за 📷 на неделата ❤🏐🇲🇰

Posted by Одбојкарска федерација на Македонија on Sunday, January 17, 2021

Се вчитува...