„Макс може да го добие Луис, но за тоа мора да му влезе во главата“

Луис Хамилтон годинава веројатно ќе стигне до седмата титула во Формула 1 шампионатот со што ќе се израмни со легендарниот Михаел Шумахер на првото место на вечната листа. Сепак, поранешниот светски првак Жак Вилнев го советуваше Макс Верстапен што треба да направи доколку сака во следните сезони да го симне Британецот од тронот.

„Морате да му влезете во главата бидејќи не е доволно да бидете подобри од него само во болидот. Тој секогаш ќе се врати посилен и подобар. Да бидете шампион морате да направите нешто посебно. На Розберг тоа му успеа, но само една година. Претешко е повеќе од тоа ментално да бидете посилни од Хамилтон“, изјави Вилнев. 

Верстапен годинава успеа да стигне до една победа во Ф1, но сето тоа е премалку за да се предизвика Хамилтон во борбата за освојување на шампионскиот трофеј.

Се вчитува...