Максименко: Ќе ни треба цврст бедем за да се одбраниме

Летонија дојде во Скопје за да се одбрани. Ова го најавува дефанзивецот на летонскиот национален тим, Виталис Максименко. Тој вели дека Македонија има предност на техничко-тактички план, а Летонија ќе го даде својот максимум со борбеност и залагање на теренот.

„Македонија е квалитетна репрезентација и ќе треба да одиграме навистина на најдобро ниво, за да успееме да останеме непоразени. Ќе треба да направиме цврст бедем пред голот, знаеме дека Македонија има одлични техничари и фудбалскиот мајстор Пандев. Но, сакаме успешно да стартуваме во овие квалификации“, изјави Максименко.

 

Се вчитува...