Мал гест за големо паметење: Херојот на Португалија има тетоважа со ликот на покојниот Квинтана (ФОТО)

Руи Силва е херојот за Португалија, тој успеа да го постигне победничкиот гол против Франција, а на тој начин обезбеди историски пласман на неговата репрезентација на Олимписките игри. Португалскиот национален тим ја посвети победата на голманот Алфредо Кинтана, кој пред неколку недели почина на тренинг од срцев удар.

Посебно погоден од оваа загуба беше Силва, кој ја покажа тетоважата која ја направил на својата рака во чест на неговиот голем пријател и соиграч.

„Трчаше со мене, шутираше со мене и постигна гол со мене. Сега одиме во Токио и заедно ќе продолжиме да пишуваме историја! Победите ќе ги посветам на тебе, денес и секогаш“, напиша португалскиот ракометар на социјалните мрежи.

Поранешниот голман на Порто почина на 26 февруари на 32-годишна возраст.

Се вчитува...