Малколм Дилејни го сруши Макаби во Тел Авив, убедливи победи на Алба и Басконија (ВИДЕО)

Еден од најинтересните натпревари во рамките на 11. коло од Евролигата беше одигран во Тел Авив каде Олимпија Милано успеа да слави над Макаби со 85-86. Макаби имаше предност од 70-66 на 28 секинди до крајот на натпреварот, но херој на „манекените“ од Милано беше Кевин Пантер кој во следниот напад погоди тројкa, а заработи и дополнително слободно фрлање, вредно изедначување. Натпреварот продолжи во дополнителни пет минути во кои Малколм Дилејни донесе победа за гостинскиот состав со поени на три секунди до крајот.

Кевин Пантер беше прв стрелец во редовите на Милано со 18 поени, додека кај домашниот состав по 17 поени забележаа Вилбекин и Брајант.

Сигурена победа забележа Алба која на домашен терен славеше над Химки со 100-80. Гостите од Русија ја добија првата четвртина, но не успеаја да ја наметнат својата игра и во продолжението од натпреварот. Нилс Гифи го предводеше германскиот состав со 22 поени, додека на спротивната страна Јонас Јеребко постигна 20 поени и додаде 8 скока.

По поразот во претходното коло, Басконија успеа да забележи важна победа на гостувањето во Грција против Олимпијакос. Гостите од Шпанија веќе во првото полувреме стигнаа до преднсот од +16 (47-31) и не го испуштија водството до крајот на натпреварот и покрај обидите за враќање во натпреварот на Грците во третата четвртина. Зоран Драгиќ со 18 поени беше прв стрелец во победничкиот состав, додека по 15 поени за тимот од Пиреја забележаа Принтезис и Слукас.

Се вчитува...