Малдини се враќа во Милан како потпретседател

Легендарниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини, кој четврт век го носеше дресот на „росонерите“, ќе се врати во клубот и најверојатно ќе ја добие потпретседателската функција. Спортскиот директор Леонардо, кој е претставник на новите мнозински сопственици на клубот, сака да врати дел од најзаслужните имиња на „Сан Сиро“ и да создаде еуфорија пред почетокот на новиот шампионат во Серија А.

Малдини ќе добие големи овластувања во делот на одлучување за клупските политики, а заедно со Леонардо ќе биде одговорен и за трансферите. Легендарниот лев бек досега имаше неколку понуди да се врати во клубот и од претходното раководство, но ги одби. Сепак, се чини дека сега е подготвен да застане на потпретседателската функција. Тој го имаше своето деби во дресот на Милан во далечната 1985 година, а од активно играње се прости во 2009 година. Целата своја кариера ја помина во Милан.

Се вчитува...