Малер на годината: Купил 127 билети за Баерн – Бешикташ, па сите ги загубил

Бешикташ вечерва ќе има значителна поддршка од турските фанови на „Алијанц арена“ во Минхен, но меѓу нив ќе го нема Ердем Бесли, најголемиот малер кога станува збор за влезници за натпревари од елитното европско натпреварување.

Ердем е турски државјанин кој од мали нозе живее во Минхен, а по пуштањето во продажба на влезниците тој нашол начин да резервира дури 127 влезници, за потоа да им ги подари на своите роднини и пријатели кои исто така сакаа да го бодрат Бешикташ.

Тој по резервацијата ги платил и ги презел билетите, но потоа при отворањето ги заборавил влезниците врз автомобилот. Додека се сетил што всушност се случило, по возењето до својот дома, веќе било доцна, билетите за мечот од ЛШ во меѓувреме се разлетале.

Го пријавив и случајот во полиција, но јасно ми е дека не може да ми се помогне бидејќи станува збор за моја грешка, а не за некаков криминал. Ќе морам да го гледам натпреварот на ТВ“ – изјави разочараниот Ердем Бесли.

Се вчитува...