Малер на годината – Само што почна со тренинзи, повторно се повреди

Фудбалерите на Барселона вчера се вратија на тренинзи по паузата поради пандемијата од коронавирусот. Денеска веќе беше одржан и вториот тренинг, на кој Самуел Умтити повторно заработи повреда. Францускиот дефанзивец заработил руптура на мускулот и не се знае колкава ќе биде неговата пауза.

Умтити нема среќа со повредите по освојувањето на Светското првенство со Франција во 2018 година. Тој и минатата сезона пропушти голем дел на натпревари, а и оваа поголемиот дел од неа мораше да биде надвор од терените.

Добрата информација е дека сите останати фудбалери на Барселона се во тренажен процес, а радува тоа што дел од нив е и Луис Суараез кој пред паузата правеше операција.

Се вчитува...