Ракометарите на Вардар се соочија со неочекуван проблем при патувањето кон Келн откако беше откажан нивниот лет од Виена до градот-домаќин на фајналфор турнирот од Лигата на шампионите.
Оваа комбинација на летови треба да им овозможи комоција на Парондо и неговите избраници, но по пристигнувањето во Виена „вардарци“ ја дознале лошата вест – дека до Келн ќе мора да стигнат со компликувана варијанта. Така, тие од Виена ќе летаат до Дизелдорф, од каде со автобус ќе бидат пренесени до Келн, каде се очекува „црвено-црните“ да пристигнат во текот на ноќта, пред полноќ.
Во секој случај, македонскиот првак ќе има доволно време за омор и адаптација пред саботното полуфинале против Барселона. „Црвено-црните“ утре на пладне ќе имаат средба со новинарите кои ќе го покриваат големиот настан, по што ќе одржат и тренинг во една од помалите сали во Келн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА