Малком е мамката на Барселона за да го добие Вилијан

Каталонскиот гигант Барселона тргнува во нов обид за ангажман на бразилскиот интернационалец Вилијан од редовите на Челси. Раководството на клубот од „Камп Ноу“ испрати две понуди изминатото лето, но и двете беа глатко одбиени од англискиот премиерлигаш. Втората изнесуваше 55 милиони фунти, но и тоа не беше доволно за Вилијан да добие дозвола да замине од „Стемфорд бриџ“.

Сега Барселона има нов план. Во понудата ќе биде вклучен и Малком, Бразилецот кој дојде во летниот преоден рок, но не се снајде најдобро, не ја добива потребната минутажа и сака да замине во друга средина. Каталонците сметаат дека тој би бил одлична мамка за Челси, за да му даде дозвола на Вилијан за трансфер. Секако, понудата ќе биде и дополнително збогатени со финансиски параметри од околу 20 милиони фунти.

Се вчитува...