Малком: Не си одам од Барселона, сакам да бидам стартер

Пристигна во зимскиот преоден рок на „Камп Ноу“ од Бордо за 41 милиони евра и беше на прагот на заминување затоа што не доби шанса. Но, влезе во 81.минута на мечот против Интер на „Џузепе Меаца“ и постигна гол, и веднаш го промени мислењето. Бразилецот Малком сега сака да остане во Барселона и да се избори за стандардно место во првиот состав.

„Мојот сон почнува, мојот сон е да креира историја и да правам големи работи. Сакам да им се заблагодарам и на соиграчите, кои веруваа во мене. Сакам да играм повеќе, тренирам напорно секој ден и се обидувам да докажам дека имам квалитети за овој тим. Но, ништо и досега не беше лесно во мојот живот. Нема да си одам од Барселона, мојот план е да бидам стартер“, изјави еуфорично Малком.

Тој влезе во игра во 81.минута на местото на Осман Дембеле и само две минути подоцна ја затресе мрежата на Самир Хандановиќ. Подоцна, Интер преку Марио Икарди израмни за конечни 1-1.

Се вчитува...