Малку луѓе дојдоа за кошаркарите, а и тие што дојдоа, немаа што да видат (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската кошаркарска репрезентација квалификациите за Светското првенство 2023 ги заврши со шест порази во шест натпревари. Последна која го зема скалпот на избраниците на Драган Бајиќ беше Украина во натпревар во кој потполно потфливме во првата четвртина, а и покрај подобрата игра во преостанатиот дел од натпреварот „црвено-жолтите“ немаа сили за камбек.

Во преполата арена во Скопје поразот на Македонија го проследија само околку 500 навивачи од кои голем дел кошаркарски работници меѓу кои тренерите Александар Петровиќ, Игор Михајловски, Тони Симиќ, Перо Блажевски, Денис Дервишевиќ, Боро Смилковски… За жал и тие што дојдоа, немаа што да видат.

 

 

Се вчитува...